Малта има салон за автомобили во кој 30 години не влегол никој

ОБЈАВЕНО НА:

Градот Мост во Малта поседува нешто за што многу поголеми и попознати градови можат да позавидат. Се работи за салон за автомобили, а во него се наоѓаат возила коишто пристигнале пред повеќе од 30 години и оттогаш се наоѓаат таму.

Во овој салон има автомобили за сите коишто ги сакаат возилата од Subaru. Има примероци од Justy, Impreza, но и од Sambar. Тоа се возила коишто се произведувани во 80-тите години на минатиот век. Не делуваат премногу привлечно на прв поглед, но кога ќе се земе предвид фактот дека уште се „неотпакувани“ тогаш работите се менуваат.

Иако се произведени пред повеќе од 30 години овие автомобили имаат своја посебна приказна. Тие од своето пуштање од фабриката се наоѓаат во салонот и не биле возени.

Меѓу возилата е и Subaru XT. Тоа е навистина посебно купе кое го најавува влегувањето во луксузот на Subaru. Има напредна аеродинамика и пилотски кокпит. Посетува 1,8 турбо мотор и погон на сите четири тркала, кој беше сон на многумина идентично како и неговиот наследник SVX кој се појави во 1992 година.

Многу често се појавуваат стари автомобили, но ова е првпат на виделина да излезе една цела колекција на автомобили од ист произведувач од тој период. Со оглед на тоа што автомобилите не се на продажба така и ќе остане.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK