Ново во европската понуда на Toyota – RAV4 ADVANTURE

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот оддел на Тојота објави дека првите испораки на новиот RAV4 ADVENTURE, како и освежената гама на RAV4, ќе бидат извршени во првиот квартал од следната година. Од 1999 година кога оригиналниот RAV4 беше промовиран стана еден од препознатливите икони на јапонскиот бренд. Оттогаш досега се продадени повеќе од 2 милиони примероци.

Неговиот дух на иновации останува и тој е првуот модле во сегментот што нуди хибриден електричен погон. Денеска RAV4 Hybrid исто така е најдобро продаван електрифициран SUV.

Новата верзија на Toyota RAV4 – ADVENTURE, е развиена со идеја да понуди подоминантен изглед и на стандардни патишта и надвор од нив. За таа цел, автомобилот добива карактеристичен дизајн на предниот и задниот дел, дополнителни заштитни елементи и многу повеќе.

Опремата Toyota RAV4 ADVENTURE, исто така вклучува 19-инчни алуминиумски фелни со мат сива боја, можност за изведба на надворешноста во двобоен контраст, специјален тапацир за седишта и контрастно портокалово шиење…

Погонскиот систем на RAV4 ADVENTURE е хибрид со 2,5 литарски четирицилиндричен бензински мотор со моќност од 222 коњски сили, и погон на сите четири тркала.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK