FCA и PSA преговараат за спојување – ќе го добиеме ли најголемиот производител на автомобили во светот?

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пропаднаа преговорите со Renault Group, италијанско-американската компанија Fiat Chrysler Automobili потврди дека во моментов водат преговори со PSA за евентуално спојување.

Во соопштението од FCA не се прецизира за каков вид на спојување станува збор, целосно или делумно, а не се откриваат никакви дополнителни информации, па така се што во моментов кружи во јавноста е на ниво на шпекулација.

Овие преговори ги потврди и француската страна која во соопштение наведува дека се преговара со цел да се создаде најголемиот светски производител.

Со евентуално спојување PSA Групацијата конечно ќе добие пристап до дилерската мрежа на американскиот пазар каде што во моментов работат на создавање на бизнис инфраструктурата за освојување на истиот, а FCA ќе добие пристап до новите технологии, особено за електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK