FCA и електричната иднина во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

По неучеството на неколку саеми за автомобили и долгото калкулирање околу својата иднина во сегментот на електричните автомобили, FCA на саемот во Женева ги претстави првите електрични модели кои во сериско производств ќе се појават во наредните неклку години.

Така на штандот на Jeep беа претставени PHEV изведбите на Jeep Renegade и Jeep Compass. Двата SUV модели доаѓаат со plug-in хибридна технологија со батерии кои ќе може да се дополнуваат преку моторот со внатрешно согорување. Двата погонски системи ќе испорачуваат комбинирана моќност до 240 КС.

Fiat пак го претстави својот целосно нов електричен модел Centroveti кој ќе го заземе местото на Panda, a како таков автомобил ќе пристигне во текот на 2021 година. Со ова Fiat ќе се вклучи во конкуренцијата на електричните мали градски автомобили каде веќе своето присуство го најавија Peugeot, Opel и Renault.

Се чини дека најголемо внимание предизвика SUV моделот на Alfa Romeo, Toneli кој ќе биде и првиот електричен автомобил на италијанскиот спортски бренд.

Останува да се види дали FCA ќе може со овие скромни планови да им парира на останатите глобални производители кои веќе претставија и најавија уште бројни електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK