Нов радикален Peugeot концепт доаѓа во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot подготвува нов, радикален концепт автомобил за саемот во Париз. Оваа информација ја потврди и првиот човек на францускиот производител Жан Филип Импарато.

Импарато без да открие многу детали изјави дека концептот ќе биде многу радикален од досега претставените.

Тоа значи дека овој концепт може да ја наговестува новата дизајнерска филозофија која ќе биде применета за неколку години кога се очекува францускиот производител да ја обнови својата гама.

Импарто изјави дека овој концепт би дошол со електрифицирана изведба, а планирана е и електрификација на останатите модели. “100% од новите модели ќе има и електрифицирани верзии од 2019 година” изјави Импарто кој додаде и дека моделите ќе дојдат со модуларна платформа, а купувачите ќе може да изберат помеѓу дизел и бензин.

Саемот во Париз е закажан за октомври годинава односно започнува на 2. октмоври и трае се до 14. октомври, а покрај овој концепт, Peugeot на саемот ќе ја претстави и караванската изведба на 508.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK