Renault се збогува со еден од своите најпопуларни модели

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилските производители сакаат во понудата на имаат различни возила од различни класи, но со тек на времето некои од класите не се толку популарни и купувачите се повеќе се ориентират на СУВ или кросовер автомобили. Она што некогаш беше популарно сега излегува од мода.

Пазарниот удел на минивановите е исклучително мал во последниве години, принудувајќи ги производителите на автомобили да се преориентираат и да им свртат грб на моделите кои беа исклучително популарни пред само неколку години. Renault донесе важна одлука да се откаже од еден од своите модели.

Renault официјално ја прекина продажбата на Scenic во Европа, а се очекува тоа наскоро да му се случи и на неговиот постар брат – Grand Scenic. Според Cardisiac, француската компанија престанала да прима нарачки за моделот, а во наредните месеци ќе ги исполни достапните нарачки и ќе го прекине производството на миниван. Потсетуваме, слична судбина имаше и Talisman кој исто така веќе не го нуди Renault.

Првата генерација на Renault Scenic се појави во 1996 година, тогаш врз основа на популарниот хечбек Megane, моделот помина низ четири генерации со неколку фејслифтови. Најновата верзија на миниван беше прикажана во 2017 година со атрактивен изглед и верзии со богата стандардна опрема, нудејќи многу простор, квалитетни материјали и иновативни технологии за своето време.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK