Европските производители бараат ЕУ да биде “поблага” кон В.Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Здружението на европски производители на автомобили (ACEA) испрати официјално писмо до Европската Унија во кое бараат Унијата да биде “поблага” во односите со Велика Британија.

Како што пренесува FT, здужението не е задоволно од рестриктивните мерки бидејќи истите имаат големо негативно влијание врз автомобилската индустрија.

Така, тие бараат да се намали процентот на делови во автомобилите кои мораат да бидат европски или британски како би можело возилото да се квалификува како “од корист”.

Исто така се бара и постепено усвојување и стапување на сила на регулативите како и можело автомобилската индустрија да се адаптира на новите регулативи и промени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK