Електричната Dacia за 13.000 евра доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Renault Групацијата и официјално потврди дека следната година доаѓа првиот електричен модел на Dacia.

Францускиот производител оваа вест ја потврди користејќи го називот Dacia Urban City Car за овој модел чије име сеуште не се открива.

Засега нема информации околу овој модел на Dacia. Некои медиуми шпекулираат дека всушност станува збор за ребрендирање на моделот K-ZE кој во Азија се продава под брендот на Renault. Доколку тоа е така, тогаш Dacia ќе има најевтин електричен автомобил во Европа чија цена би се движела од 11 до 13 илјади евра.

Во стратегијата што ја претстави Renault се гледа и дека во наредните две години францускиот производител под брендот на Renault ќе лансира уште пет парцијално и целосно електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK