Дали легендарниот Спачек се враќа во продажба?

ОБЈАВЕНО НА:

Многубројните обожаватели на веројатно најпознатиот автомобил на Citroen во историјата, познат како Спачек не се израдуваа од последните вести. Иако Citroen во новата историја ја врати старата слава кога го претстави првиот C3 и во еден дел се повика на својата легенда, контактите со претходниците и ретро дизајнот ќе бидат видливи само во некои детали.

И додека Renault како духовна замена за четвртоката го понуди Kangoo, a Citroen C3 Pluriel како потсетник на уште поголемата легенда, само ретки во потполност ја оживеаја својата легенда. Така Volkswagen понуди нова буба, а потоа се реинкарнирани и Mini и Fiat 500.

Работите ќе застанат тука бидејќи Citroen потврди дека 2CV нема да добие ново издание.

„Ние го еволуираме дизајнот гледајќи го минатото. Сепак, она што не сакам е да станеме ретро произведувачи. Нема да произведе нов 2CV. Имаше свое време, беше погодок, а сега треба да најдеме нов дизајн, кој ќе биде по мерка на нашите корисници“, изјави шефот на брендот, Линда Џексон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK