Аеродромите во В.Британија ќе користат 3Д скенери за багажот

ОБЈАВЕНО НА:

Долгите редици на британските аеродроми за проверка на рачниот багаж наскоро може да завршат откако британската влада им нареди на операторите на аеродромите да воведат нови 3Д скенери до 2022 година.

Објавувајќи ги плановите, премиерот Борис Џонсон изјавил дека новите уреди ќе ги намалат „непријатностите“ за патниците.
„Со тоа што патувањата низ аеродромите во Велика Британија ќе бидат полесни од кога било, оваа нова опрема ќе помогне во зајакнувањето на виталната улога на нашите аеродроми во обезбедувањето на позицијата на Велика Британија како глобален центар за трговија, туризам и инвестиции“, изјавил премиерот.

Аеродромот Хитроу соопшти дека некои од скенерите со новиот стил веќе работат на некои од нејзините терминали, но сè додека технологијата не биде целосно инсталирана на аеродромот, патниците мора да продолжат да ги следат ограничувањата воведени во 2006 година.

Аеродромот соопшти дека ќе потроши 50 милиони фунти за 3Д скенери, кои на безбедносните службеници им даваат многу појасни слики од багажот на патниците и им дозволува да ја видат содржината на торбата од повеќе агли.

Сепак, Хитроу не е првиот глобален центар што се префрла на поедноставно скенирање на безбедноста. Аеродромот „Шипол“ во Амстердам веќе ги инсталира скенерите, а во САД ги користат во во Атланта и во Чикаго.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK