BMW го сели производството од Велика Британија во Австрија?

ОБЈАВЕНО НА:

И BMW е на излезна врата и повторно поради Брегзит, пренесуваат германските и британските медиуми потенцирајќи ја изјавата на Петер Шварценбауер. Toj e член на управата на германската компанија и на саемот во Женева изјави дека спремни се да ги направат потребните технолошки подобрувања во фабриката во Австрија доколку е потребно.

Сепак германските медиуми оваа изјава ја протолкуваа како повеќе од само “пуштање вода” па оттука сметаат дека до крајот на годината BMW ќе донесе одлука за префрлање на дел од производството во австриската фабрика.

Доколку тоа се случи ќе продолжи егзодусот на прозиводителите од Островот. Претходно тоа го направи Jaguar Land Rover, а бројни производители како Toyota, Honda, Ford и Nissan најавија дека во наредниот период во целост или делумно ќе го преселат производството од оваа во други европски земји.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK