Еве зошто е добро да се има систем за надгледување на мртов агол (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Непрегледноста при претекнувањето и промената на коловозната лента се честа причина поради настанување на сообраќајна незгода.

Тука пред се се мисли на мртвиот агол кој е тежок за надгледување. Токму и тоа е и причината за една сообраќајна незгода во која учествуваше пик-ап RAM, а која се случи во Далас, САД.

Имено при обид да ја промене коловозната лента пик-апот удри во предниот дел на автомобил, а веднаш потоа и во заштитната, бетонска ограда.

Многу малку фалеше возачот да падне од мостот, но на крајот за среќа се заврши само со материјална штета.

Како изгледаше сето тоа погледнете на видеото во продолжение.