Tesla преку обврзници планира да собере 1,5 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Tesla која го произведува истоимениот електричен автомобили, планира да собере околу 1,5 милијарди долари преку нудење на обврзници, пишува Business Insider. Причината е подготовката на фирмата за производство на најновиот нејзиниот електричен седан – Model 3.

Овој чекор на Tesla доаѓа додека компанијата добива илјадници пред-нарачки за Model 3, кои се во просек по 1800 на ден од презентацијата на автомобилот во крајот на јули. Американскиот производител се потпира на најновиот модел, кој ќе биде и најевтиниот, и сака да го претвори во профитабилен производител на електрични автомобили на масовениот пазар.

При претставувањето на Model 3 извршниот директор Елон Муск изјави дека компанијата ќе биде соочена со “најмалку шест месеци производствен пекол”, поради зголемувањето на производството на новиот модел. На крајот на вториот квартал на годината Tesla имаше 3 милијарди долари расположливи средства во споредба со 4 милијарди долари по првиот квартал. Трошењето на парични средства на Tesla, се очекува да достигне до 2 милијарди.