Автомобилот на годината во Европа прогласен во „фото финиш“

ОБЈАВЕНО НА:

Во многу израмнета и возбудлива трка, Jaguar I-Pace е автомобилот на годината во Европа за 2019 година.

Оваа награда британскиот претставник ја освои благодарение на 250 поени добиени од стручното жири. Исто толку поени доби и Alpine A110, но поради тоа што I-Pace освои 18 гласови за прво место, споредбено со 16те за А110, оваа награда припадна на Jaguar.

За малку на тронот не се искачи новата генерација на Ceed која освои три поени помалку односно 247 поени додека на четврата позиција заврши Ford Focus, автомобилот на годината во Македонија.

Со 192 односно 116 поени на претпоследната и последната позиција се најдоа Peugeot 508 и A класата на Mercedes-Benz.

Инаку ова е прв пат модел на Jaguar да ја добие оваа престижна награда. За потсетување претходната година оваа награда припадна на Volvo XC40. Најмногу пати за автомобили на годината биле програлувани автомобилите на Fiat и тоа дури 9 пати што го сместува италијанскиот производител пред Renault и Ford со шест односно пет автомобили на годината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK