Австрија ги зголеми сообраќајните казни – за „дивеење“ ќе платите и до 5.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Во случај на повторување и повторно загрозување на другите учесници во сообраќајот, покрај тоа што ќе плати висока парична казна, сторителот ќе мора да оди кај сообраќаен психолог за детален преглед.

Националниот совет на австрискиот парламент усвои нов пакет мерки што предвидуваат значително построги казни за сообраќајни прекршоци. Новините во Законот за безбедност во сообраќајот се донесени со цел да се подигне нивото на безбедност и да се подобри сообраќајната култура на австриските патишта. Сообраќајни прекршоци, кои законодавецот ги окарактеризира како главни „убијци“ на патиштата во Австрија, ќе бидат строго казнети, па затоа е предвидена парична казна до 5000 евра за „дивеење“ по патиштата во Австрија.

Преголемата брзина, возењето под дејство на алкохол, некористење на безбедносен појас и користењето мобилен телефон за време на возењето се најчестите причини за сообраќајни несреќи, покажала статистиката, а парламентарците не се двоумеа да го прифатат предлогот на австриската влада за строго казнување на прекршителите.

Новите одредби предвидуваат дека возачите на автомобили кои возат 30 и повеќе км / ч побрзо од дозволеното, ќе мораат да плаќаат казна од 150 евра, наместо сегашните 70 евра.

Минималните казни за другите прекршоци (за возење над 40 км на час над ограничувањето на брзината во населено место и над 50 км на час надвор од населено место) се зголемени од 150 на 300 евра и највисока казна во оваа прекршочна категорија е зголемен од 2.180 на 5.000 евра.

Покрај тоа, сторителот мора да смета на одземање на возачката дозвола на еден месец, а во случај на повторени прекршоци и со три месеци без дозвола.

За најтешките прекршоци, ако возите 80 или 90 км / ч побрзо од пропишаното ограничување на патот, ќе ви биде забрането да возите најмалку шест месеци.

„Дивеењето“ на автомобилите и се почестите трки на возачи на автопатите, австрискиот законодавец ги вклучи во особено опасните сообраќајни прекршоци и затоа за нив и предвиде особено високи казни. Австриските медиуми пишуваат дека во случај на повторување и повторно загрозување на другите учесници во сообраќајот, покрај тоа што ќе плати висока парична казна, сторителот ќе мора да оди кај сообраќаен психолог за детален преглед.

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

На која бензинска пумпа најчесто ги користите услугите за гориво?

МАКПЕТРОЛ
44.28% | 1,282 од 2895 ГЛАСА
ЛУКОИЛ
22.18% | 642 од 2895 ГЛАСА
Други
17.65% | 511 од 2895 ГЛАСА
ОКТА
15.89% | 460 од 2895 ГЛАСА

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK