Амбициозен план – BMW ќе го зголемува производството за 500.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот гигант BMW објави дека планира да го зголеми годишното производство за половина милион автомобили до крајот на 2025 година.

Како што пренесуваат германските медиуми, BMW од година во година, се до 2025 година постојано ќе го зголемува производството, а со цел да стигне до зададената бројка ќе отвори и две нови фабики во Кина и една во Европа.

За потсетување, минатата година, BMW испорача 2,5 милиони автомобили ширум светот.

Во овој план, најголем дел од автомобилите се електрични, па оттука, BMW планира овие автомобили да заземат значајно место во производствените и продажните активности на компанијата.