Ако одите на скијање во Банско: Поевтинуваат вињетките за Бугарија

ОБЈАВЕНО НА:

Од 1 јануари 2023 година стапуваат на сила новите цени за вињети и патарини во Бугарија. Сите видови електронски вињети за патни возила со вкупна технички дозволена максимална маса до, или еднаква на 3,5 тони ќе поевтинат за близу 10%. Годишната вињета ќе чини 87 лева, кварталната вињета 48 лева, месечната – 27 лева, неделната – 13 лева, а вињетата за викенд – 9 лева.

Електронските вињети купени во декември 2022 година, дури и да имаат период на активирање по 00:00 часот на 01.01.2023 година, се пресметуваат по цени кои важат до крајот на тековната година.

Во моментов цените на вињетките за Бугарија се: годишна вињета – 97 лева, квартална – 54 лева, месечно – 30 лева, неделно – 15 лева, викенд вињета – 10 лева.

Затоа треба да се има предвид дека доколку возачот на моторно возило купува годишна вињета до крајот на декември 2022 година ќе се продава по цените што важат во 2022 година.

Приходите од патарини на крајот на ноември 2022 година се речиси 511 милиони лева. Очекуваниот приход од патарините – електронски вињети и патарини – во 2023 година е околу 800 милиони лева.

Електронските вињети се продаваат преку: www.vinetki.bg, www.tollpass.bg, www.digitoll.bg, www.epay.bg и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK