Во БиХ ќе се гради еден од најдолгите тунели во Европа (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина го претстави проектот за изградба на тунел како дел од коридорот 5C кој ќе биде еден од најдолгите во Европа. Станува збор за тунелот Прењ кој ќе биде со должина од околу 10 километри, а чија изградба ќе чини 600 милиони евра.

Изградбата се очекува да започне следната или не подоцна од 2022 година, додека готов се очекува да биде до 2028 година.

Токму и таа година се очекува да се комплетира автопатот кој ги поврзува Бијача, на југот на земјата и Свилај на северниот дел од земјата.

Во моментов, најдолгиот тунел во Европа е тунелот Лердал во Норвешка кој е со должина од 24,51 километар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK