Ако Audi правеше комбиња… (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На адресата на VAG често може да се слушнат обвиненија дека премногу активно се споделуваат платформи меѓу различните брендови во групата. Германците никогаш не отишле толку далеку што им дале инструкции на Audi да ја прошири својата понуда со микробус  (комби) на база на Transporter.

Тоа воопшто не му попречило на чешкиот дизајнер Тостислав Прокоп да ја разработи идејата за Т6 со амблем со четири круга. Притоа концепцискиот микробус е едноставно луксузна верзија на Multivan, а вистинскиот „непослушен“RS.

Audi TS6-V8, како што Прокоп го нарекол моделот кој го направил изгледа страшно како што кажува и неговото име. На предницата доминираат црната решетка кај ладилникот и потемнети фавори од A6 (C7).

Браниците, на изглед се надуени, за да можат да одговараат на 20-цоловите тркала Vossen Wheels. Воздушната суспензија, пак, му дозволува на TS6 да се залепи за патот.

Недостигаат рачките на вратите, како и самата лизгачка врата. Прокоп ги има тргнато и брисашите на задната шофершајбна, а ауспухот е интергиран во задниот дел, а сето тоа со името на чиста линија.

Audi TS6 не е само фосил и го заслужува името со соодветна моторизација. Под предната хауба има 4,0 литарски V8 мотор со два турбокомпресори од RS6, кој ги придвижува четирите тркала. Моќноста за секој случај е зголемена од фабричките 605 на 850 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK