Сопствениците на McLaren не сакаат SUV модели

ОБЈАВЕНО НА:

Од година во година се поголема е популарноста на SUV моделите. Тоа може да се забележи и од продажбата која бележи се поголем удел во вкупната продажба на возила.

McLaren е еден од ретките производители кои немаат SUV модел во својата понуда, а шпекулациите за лансирање на ваков модел ги демантираше првиот човек на британскиот производител.

Според него, сопствениците на McLaren возилата не сакаат овој производител да лансира SUV модел. Таков одговор дале повеќе од анкетираните сопственици, па по се изгледа нивните желби ќе бидат испочитувани.

Од производителот наведоа дека идното годишно производство ќе биде лимитирано на 5 илјади примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK