A беа сериозни: Кинезите го одложуваат “освојувањето” на Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Планот за освојување на американскиот пазар на автомобили од страна на кинеските компании предводени од GAC Motor (Guangzhou Automobile Group Co) се одложува. Според првичниот план, GAC Motro во одредени сојузни држави требаше првите испораки да ги има кон крајот на оваа година, но поради тензиите помеѓу Кина и САД на полето на трговијата, плановите за експанзија во САД се одложени.

GAC на последниот саем за автомобили во Детроит покажа неколку модели, но сега истите нема да може да се возат низ улиците на американските градови. Сега, плановите се одложуваат и според оптимистичкото сценарио, првите испораки треба да се случат следната година.

Инаку GAC Групацијата е една од најголемите групации за производство на автомобили во Кина. Со седиште во Гвангжу, во кинеската провинција Гуангдонг, оваа компанија веќе 21 година успешно оперира на домашниот пазар произведувајќи ги брендовите: Changfeng, Gonow и Trumpchi.

Оваа компанија исто така во Кина повеќе од неколку години спроведува производствено-продажни операции со заедничко вложување со Fiat, Honda, Mitsubishi и Toyota, а во минатото со Isuzu и Peugeot.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK