Porsche се враќа во Ф1, ама ако се исполнат овие три услови

ОБЈАВЕНО НА:

Се повеќе се зборува за можното враќање на Porsche во Формула 1, и тоа како снабдувач со мотори, веќе од 2026 година. Но, се уште нема дефинитивна одлука.Томас Лауденбах, раководителот на спортскиот оддел на Porche потврди дека брендот навистина ја разгледува таквата можност, но секако прво треба да бидат исполнети некои услови.

„Разговараме за ова прашање со ФИА и сме сериозни, но сè уште не сме одлучиле. Можеме да кажеме само едно: ако одлуката е позитивна, тогаш нема да мора да чекаме премногу долго. Ако учествуваме во 2025 година, тогаш наскоро ќе треба да почнеме да се подготвуваме“, изјави Лауденбах.

Сепак, според него треба да се исполнат три главни услови под кои Porsche би се согласил да учествува во ова натпреварување.

„Важно е мотор спортот да е во чекор со трендовите во автомобилската индустрија и да не ја губи својата актуелност. Имам на ум активно користење на хибридни и електромотори, вклучително и во Формула 1. Вториот услов е контрола на трошоците. Ограничувањето на буџетот е добар прв чекор, но треба да се прошири и на погонскиот систем. Конечно, правилото треба да гарантира еднакви можности за сите учесници во шампионатот“, изјави спортскиот директор на Porsche.

Porsche како дел од Ф1 има 25 победи, то што најмногу во 1984 – 12 победи. Има три шампионски титули како дел од McLaren и 2 титули исто така со McLaren но во конкуренција на конструктори. Има и една Гран при победа во Ф1 како Porsche, но во далечната 1962 година како дел од трката за ГН на Франција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK