Ги игнорирал знаците – завршил во свеж цемент (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Игнорирањето на хоризонталната и вертикалната сигнализација може скапо да ве чини, а тоа најдобро го знае еден мотоциклист од Детроит.

Како што пренесуваат медиумите тој со својот мотоцикл игнорирајќи ги знаците кои предупредуваа на градежни активности, продолжил да вози, а во еден момент се закопал со мотоциклот во свежиот бетон.

Како изгледаше сето тоа, можете да погледнете на видеото во продолжение. Нормално возачот се нервираше бидејќи штетата иако не изгледа голема, може скапо да го чини.

Затоа читајте ги знаците, но и почитувајте ги.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK