Трет триумф на Блажевски во Twingo Cup – фотофиниш на Гробник го реши победникот (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Марко Блажевски направи „хет-трик“ со третиот по ред триумф на трките од Twingo Cup, освојувајќи го првото место во првенството на Македонија на патеката Гробник, Хрватска. Во конкуренција на 36 возачи, Блажевски се до последниот свиок беше во воство и блиску до триумф во генерален пласман, но „заробен“ од неколку Словенци немаше шанса на последниот правец пред целта да ја задржи брзината и во фотофиниш сепак му избега подиумот.

Првите шест беа во временска разлика од помалку од една секунда и целата трка беше возбудлива, па дури и безбедносното возило излезе на патеката на 13 минути пред крајот.

Со триумфот на Гробник сега Блажевски има 75 бода, десет повеќе од актуелниот првак Давид Малинковски кој има 65 бод аи на трката беше второпласиран. Зоран Мираковски по третпат се искачува на пиедесталот сезонава и со новите 12 бода сега има 46 бодови во генерален пласман.

Деветмина Македонци возеа на Гробник како дел од тркачкиот викенд на Twingo Cup. Од самиот почеток се создаве мешаница на патеката но Блажевски остана на седмото место и после неколку кругови веќе напредуваше неколку места, па и привремено беше и лидер. Последните кругови возеше на првото место, одлично се држеше но возилото немаше доволно сила на им се спротистави на ривалите особено на долгите правци. Затоа и на стартно-целната рамнина беше престигнат.
Но, и покрај тоа четвртото место е одличен успех за Блажевски кој покажува дека има потенцијали и квалитет да биде во самиот врв на колоната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24auto.mk (@24auto.mk)

Давид Малинковски за малку не влезе во Топ-10 на трката, но важно е што немаше сериозни инциденти, беше избегната мешаница, а напредуваше десетина места во однос на стартот. Сега е втор во генерален пласман на Македонија, и веднаш зад Блажевски. Планот на Малинковски беше оваа трка да ја извозви сигурно, да биде што е можно повисоко пласиран, и на втората трка утре да брка висок пласман.

Зоран Мираковски заврши како третопласиран во првенството на Македонија, и по третпат сезонава се искачува на пиедесталот. Трката ја заврши со оштетување на десниот браник, но сепак стигна на целта и освои бодови со кои останува во борба за првите три места во генерален пласман во првенството на Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24auto.mk (@24auto.mk)

Поради мало излетување во почетните кругови Владимир Тренески од 12. место падна меѓу последните. Во прилог му одеше излегувањето на безбедносното возило, но немаше доволно време да направи поголем пресврт па стигна како 20 на целта, односно 6. во првенството на Македонија.

Целата трка можете да ја погледата на следниот линк

 

Фотогалерија од трката

Twingo Cup – Гробник 2022

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK