Малинковски севкупен победник во Twingo Cup – наградата е електричен Renault Twizzy

ОБЈАВЕНО НА:

Давид Малинковски е севкупен победник од трите сезони на Twingo Cup каде двапати ја освојуваше вицешампионската титула и лани беше најдобар со победничкиот пехaр. Како награда од организаторот АКК Рено Спорт Скопје и Аутомотив Груп, Малинковски ќе добие електричен автомобил Renault Twizzy кој е главната награда од тригодишната серија на Twingo Cup.

Давид Малинковски е син на легендарниот македонскиот автомобилист Илија Малинковски кој зад себе има бројни победи и e носитеl на дијаманската кацига во Македонија. Давид е еден од неколкутемина возачи што настапи на сите 24 трки што се организираа во Македонија, но и на познати патеки низ Европа. Тој освои вкупно 351 бод и убедливо беше најуспешен возач. По сезони Малинковски освои 99 бода во 2019 (виешампионска титула), 122 бода во 2021 (шампион) и 130 во 2022 (вицешампионсака титула).

Twingo Cup e тркачка серија во која возачите се натпреваруваат во идентично подготвени возила за чија исправност се грижи организаторот. Возачите едноставно само доаѓаат и седнуваат да возат. Нема дополнителни подобрувања на перформансите, се е до возењето. Колку што е тоа возење и тркање, толку е и дружење, забава и создавање нови пријателства.

Македонските возачи уште во првата сезона покрај трките во Македонија се испробаа и на патеки во Србија и Грцаија. Лани и сезонава календарот беше целосно интернационален, со трки во Унгарија, Словачка, Австрија, Италија, Хрватска и Грција.

Зад себе Малинковски во Twingo Cup има вкупно 9 победи на 24 трки и уште деветпати се искачи на пиедесталот. Сезонава беше најбрз на трките во Унгарија и двапати во Италија. Лани победи на четири трки (Унгарија, Словачка и двапати во Хрватска). Во првата сезона во 2019 година Малинковски беше најдобар во Србија и во Грција.

За в година е најавено продолжување на серијата, со повеќе новини, но некои од сегашните возачи најавија и можен „скок“ во повисока тркачка серија, веројатно во Renault Clio Cup.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK