Stefanovski Igor, Hyundai i30 N TCR #14, AKK Stefanovski

Конечно радост за Иџе – заврши како осми на TCR Italy на Мисано

ОБЈАВЕНО НА:

По две трки на кои немаше пласман, Игор Стефановски сега стигна целта на трка од првенството на TCR Italy и го освои осмото место на патеката Мисано. Претходно на првата трка на истата патека Стефановски имаше инцидент во почетните кругови и мораше да се откаже.

Стефановски стартуваше од вториот ред, но не успеа да издржи да биде во самиот врв. И покрај тоа и осмото место е добар успех, и потребно е да се биде во бодови на секоја трка.
Трката на Мисано изобилуваше со контакти и безбедносното возило излегуваше на патеката. Првпат поради контакто меѓу Карминати и Паолино, а потоа на четири минути до крај, потоа меѓу Паолини со Полони. Поради ова Паолини беше казнет со 25 секунди на постигнатото време и на крај заврши на 16 место.

На трката во Мисано триумфираше Финецот Анти Бури пред Никола Балдан, двајцата членови на Target Competition. Трет беше Џек Јанг od MM Motorsport.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK