Ferrari SF90 Stradale и во кабрио изведба!?

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на овој месец Ferrari го претстави својот прв хибриден автомобил именуван како SF90 Stradale. Сепак беше потребна само една недела за на интернет да се појави и првиот рендер од кабрио т.е. Spider изведбата.

Од италијанскиот производител нема офиицијална информација за идните планови околу овој модел, но самостојниот дизајнер Никита Аксјонов користејќи ја основната верзија создаде рендер во Spider изведба.

Доколку во блиска индина се реализираат овие шпекулации тогаш оваа изведба ќе продуцира 986 КС идентично како и основната изведба и тоа благодарение на V6 и V8 хибридниот мотор. Според тоа, до 100 км/ч може да забрза за 2,5 секунди, а до 200 км/ч за само 6,7 секунди.

На самостоен електричен погон овој автомобил би може да помине до 25 км исто како и основниот, а она со што може да се пофали италијанскиот производител е најдобриот соодност помеѓу тежина и моќност која изнесува 3,5.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK