Давидовски во Топ-6 на TCR Europe трката на Пол Рикар

ОБЈАВЕНО НА:

Утре се вози втората трка во Франција, а Давидовски ќе стартува од пол позицијата.

Најавата дека ќе има добар тркачки викенд во TCR Europe Виктор Давидовски ја потврди со одличното шесто место на првата трка возена на патеката Пол Рикард во Франција. Како член на Comtoyou Racing македонскиот возач им донесе 21 бод во конкуренција на тимови, надополнувајќи го славјето во тимската гаража со „еден-два“ триумфот на трката. Побендик беше Том Коронел, а зад него беше Франко Џиролами, сите тројца од тимот на Cometoyou.

Доминацијата на возачите на Audi од белгискиот тим беше евидентна, бидејќи Коронел од првиот момент беше во водство, а Џиролами тргна како петтопласиран, за потоа да се искачи место погоре, се до втората позиција. Ова е првпат возила на Audi да победуваат тука и во Франција.

Погледнете ја целата трка на TCR Europe возена денеска (сабота)

Давидовски трката ја почна од десетото место, и брзо се искачи место плус. Неколку кругови беше осмопласиран, а потоа и седми за во последниот круг поради проблемите со возилото на Џек Јанг да искористи да заврши како шестопласиран. Давидовски останува лидер во конкуренција на Dimond Cup како најуспешен возач на возраст над 40 години.

Во генерален пласман води Франко Џиролами со 106 бода, пред клупскиот колега Том Коронел со 96. Давидовски е на 12 место со 38 бода.

Следната трка се вози утре, на патеката Пол Рикар во 12,15 чсот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK