Hyundai плаќа по 45 евра да ги тестирате нивните модели

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто кога сакате да купите автомобил добивате тест возење од дилерот на некоја кратка релација каде би требало продавачот да ве убеди во најдобрите карактеристики на возилото. Можеби ќе добиете и некое освежување во салонот, или пак ако сте веќе сериозен купувач веројатно ќе ви ветат и некој попуст во вид на пари или некоја дополнителна опрема.

Но, корејски Hyundai оди чекор напред. Нуди и пари само ако изразите желба да возите некој од новите модели во нивната гама. Американскиот оддел на Hyundai ќе подари по 50 долари (45 евра) на секој за тестирање на нов автомобил што го има во понудата на компанијата. Промоцијата го опфаќа целиот спектар на модели на корејскиот производ.

За да добиете пари, потребно е да се регистрирате на сајтот на Hyundai да го пополните потребниот прашалник и да добиете покана од некој од дилерските мрежа на производителот. Единствената неповолност е што продавачот може да биде далеку од домот на оној што ќе покаже интерес за возење.

Ако мислите дека можете вие да заработите – тогаш ништо од бизнисот. Тест возење за кое ќе добиете пари е дозволено само еднаш во шест месеци од една личност. Од друга страна, големите семејства, во кои сите имаат возачки дозволи, можат да си дозволат пристојна сума пари. Па еве шанса за заработка…

Кај нас секако ова тешко дека некогаш ќе профункционира. Не зависи се од производителот, туку понекогаш и самиот дилер се обидува да биде што е можно присутен и поблиску до потенцијалните купувачи. Не е се во рекламите на билборди….

Следете не и на:

24AUTO NETWORK