Давидовски: Едвај чекам да се тркам, ми недостасува овој адреналин

ОБЈАВЕНО НА:

На патеката во Монца просечната брзина со која ќе се вози е околу 170 км/ч. Тоа е истата патека на која се возат и трки од Ф1 и каде на почетокот на септември победи Пјер Гасли пред Карлос Саинц и Ланс Строл.

Со настапот на легендарната патека во Монца викендов почнува првенството во TCR Europe за Македонецот Виктор Давидовски кој ќе биде наш единствен возач во најсилното и најпрестижно европско натпреварување со туристички автомобили. На тренинзите, квалификациите и на трката ќе има околу себе возачи со огромно искуство во возење на различни Куп трки, Формула 3, FIA GT, WTCR. Но, и тој има свој квалитет и знаење бидејќи стигна до ова ниво во европски рамки.

Ова ќе биде трета сезона за Давидовски со европскиот тркачки крем, и по двете пропуштени трки на почетокот поради ограничувањата за движења низ Европа сега поранешниот македонски шампион е подготвен да ги покаже својот квалитет и на меѓународна сцена.

За оваа трка се пријавени 25 возачи. Денеска се двата слободни тренинзи, а утре се квалификациите и првата трка. Во недела е втората трка. Давидовски и лани возеше на Монца, првпат во една цела сезона и тогаш заврши на 12 место. Сега целта е прво да се пласира во Q2 во квалификациите, да биде што е можно повисоко пласиран на стартот.

„Со нетрпение чекам да седнам во автомобилот. Овие месеци пауза поради пандемијата и неможноста да се тркам на првите две патеки сезонава само повеќе ми го зголемуваат адреналинот. Планот е прво добро да го осетам возилото, да ги наместите сите сетинзи и да се пласираме во Q2 на квалификациите. Вежбав доста на симулација, но сепак кога го имаш управувачот во рака и го чувствуваш грипот е нешто поинаку. Конкуренцијата е голема, сите веќе имаат и трки зад себе и доста тренинзи. Но, желбата е голема, мотивот огромен и на патеката сигурно ќе биде интересно, вели Давидовски.

За денешните слободни тренинзи се очекува да има мокра патека, па ќе треба да се подготви за нешто поинакво од она што би требало да биде утре во квалификациите и на трката.

„Имаме само малку време да го почуствувам автомобилот, да ги наместите сите сетинзи. За денеска има прогноза дека ќе врне, а за утре е најавено суво време. Тоа малку ги пореметува плановите, зашто ќе треба различно да ги сетираме параметрите. Но и тоа е добро бидејќи ќе имаме искуство со различни услови, вели Давидовски.

Лани тука победија возачи со Peugeot 308 (Жилиен Брише) и со Hyundai i30 N (Жош Фил). Должината на еден крух е 5.793 м. и ќе се возат двапати по десет круга.

Давидовски конечно во тркачкиот автомобил за прва трка во TRC Europe сезонава

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK