Давидовски конечно во тркачкиот автомобил за прва трка во TRC Europe сезонава

ОБЈАВЕНО НА:

За трката на Монца се пријавени 25 возачи. Според сатницата викендов на трката е предвидено да има прво два слободни тренинга, во петок, а следниот ден во сабота се предвидени квалификациите на пладне. Потоа ќе се вози првата трка од 17,15 часот. Во недела треба да се вози втората трка и тоа во 12,50 часот.

Единствениот македонски возач што се натпреварува во Топ европска тркачка серија Виктор Давидовски викендов конечно треба да ја отвори третата сезона во TCR Europe со настап на најбрзата патека – Монца.

TCR Europe натпреварувањето е второ по ранг натпреварување со „туристички возила“. Највисокот рангирано е TCR, a ова натпреварување е само во Европа и настапуваат возачи кои зад себе имаат трки и победи во регионални натпреварувања во WTCR, различни Куп натпреварувања, Формула 3, FIA GT, и повеќемина кои зад себе имаат многу, многу изминати километри на најтешките тркачки патеки.

Давидовски со својата екипа е веќе на Монца, шаторот е подигнат, автомобилот се подготвува, се местат сетинзите со цел да се биде конкурентен. Мал хендикеп за Давидовски е што ова ќе биде прва тркат и први квалификации сезонава, и сигурно ќе му треба време да се „спријатели“ со возилото. Додека траеше пандемијата и карантинот во Европа, сите возачи настапуваа на СИМ трки, односно виртуелни трки.

Сезонава се планирани вкупно шест трки од календарот на TCR Europe, а поради коронавирус пандемијата отпаднаа доста трки во пролетниот дел и летото. Досега се одржаа две трки, во Франција и Белгија, но Давидовски не настапи бидејќи не доби дозвола од локланите власти за влез во државата бидејќи Македонија се наоѓа во црвена зона. На трката во Франција, возачот на PSS Racing тимот, Нестор Џоролами го освои второто место на втората трка.

Давидовски е шесткратен македонски првак во периодот од 1998 до 2010 година, зад себе има титула и во првенството на Србија на кружни патеки во периодот од 2011 до 2017 година.
Во 2013 година оствари и победа на ФИА ЦЕЗ на ридски патеки во класата Н2000.
Во 2017 година вози на 24H Touring Car Endurance Series (SEAT León), а следната 2018 првпат се натпреварува во европската серија на TCR. И лани настапуваше во истата TCR Europe серија со Honda Civic FK7.

 

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

дизелски мотор
55.67% | 393 од 706 ГЛАСА
бензински мотор
14.73% | 104 од 706 ГЛАСА
електричен
12.75% | 90 од 706 ГЛАСА
плаг-ин
10.76% | 76 од 706 ГЛАСА
хибрид
6.09% | 43 од 706 ГЛАСА

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK