Голема анализа на ADAC: Најдобрите и најлошите автомобили со старост до 12 години

ОБЈАВЕНО НА:

Бројот на дефекти на секој модел се споредува со број на автомобили од тој бренд и моделот кои се регистрирани во Германија. Така се добива коефициентот чиј главен показател е бројот на грешки на 100.000 автомобили. Колку е понизок коефициентот толку подобро. Во продолжение се резултатите на првите и најлошите автомобили од 2012 година.

Како и секоја година, германскиот автомобилски клуб ADAC објавува листа на автомобили кои најчесто односно најретко имале потреба од помош на патиштата. И Таквите анализи се многу ценети и се темелат на огромен број на податоци кои се преработени при правењето на анализата. Особено е интересно зашто половните возила секогаш се интересни, и често некои цени се и превисоки од реалните, а некои модели можеби и потценети.

Во текот на првите неколку години, вредноста на автомобили паѓа драстично. Овие автомобили се вкусен залак на пазарот на половни возила, но дали ја заслужуваат вашата доверба? За одговор на ова прашање треба да се погледне најновата листа на ADAC. Цените на новите автомобили се веќе прифатливи, но за да се купат некои од овие модели, сепак, мора да отидете до перницата или до душекот и од нив да извадите малку поголема сума на пари. Или пак од вашата сметка во банка, зависи каде ги чувате заштедените пари.

Рангирањето на ADAC се базира на активностите за помош на патот на германскиот автомобилски клуб. Работниците после секоја извршена интервенција во базата на податоци ги бележат деталите на своите интервенции, а ги имало 3,4 милиони. После тоа бројот на дефекти на секој модел се споредува со број на автомобили од тој бренд и моделот кои се регистрирани во Германија. Така се добива коефициентот чиј главен показател е бројот на грешки на 100.000 автомобили. Колку е понизок коефициентот толку подобро. Во продолжение се резултатите на првите и најлошите автомобили од 2012 година.

Модели од сегмент А

Toyota Aygo – фактор на интервенција 4.4. Најчеста причина за интервенција: квачило.

Hyundai i10 – фактор на интервенција 6,2. Најчеста причина за интервенција: акумулатор.

Renault Twingo – фактор на интервенција 16.8. Најчеста причина за интервенција: кочници, имобилизатор.

Seat Mii – фактор на интервенција 21,6. Најчеста причина за интервенција: кочници.

Fiat 500 – фактор на интервенција 23,9. Најчеста причина за интервенција: систем за ладење, серпентина.

Fiat Panda – фактор на интервенција 28.5. Најчеста причина за интервенција: акумулатор.

Модели од семент Б

Fiat Punto – фактор на интервенција 8.8. Најчеста причина за интервенција: електрична инсталација, ауспух, квачило.

Audi A1 – фактор на интервенција 9.1. Најчеста причина за интервенција: кабли за палење, млазници.

Mini – фактор на интервенција 9,7. Најчеста причина за интервенција: квачило.

Renault Clio – фактор на интервенција 23,5. Најчеста причина за интервенција: акумулатор, стартер, електронска блокада на моторот.

Peugeot 208 – фактор на интервенција 26.5. Најчеста причина за интервенција: серпентина, акумулатор.

Peugeot 207 – фактор на интервенција 29.2. Најчеста причина за интервенција: серво волан, електричен кабриолет кров, ремен.

Компактни модели

BMW X1 – фактор на интервенција od 7,2.

Audi Q3 – фактор на интервенција 10.8.

Hyundai i30 – фактор на интервенција 11,2. Најчеста причина за интервенција: акумулатор.

BMW Series 1 – фактор на интервенција 31,4. Најчеста причина за интервенција: серпентина, погонски ланец.

Peugeot 308 – фактор на интервенција 34,9. Најчеста причина за интервенција:млазници, акумулатор.

Kia имала фактор на интервенција од 44,9. Најчеста причина за интервенција: стартер, погонски ланец, акумулатор, квачило, свеќици, сензор за коленесто вратило.

Автомобили од средна класа

BMW X3 – фактор на интервенција 5.3. Најчеста причина за интервенција: стартер, турбо полнач.

Audi A4 – фактор на интервенција 8.4.

Audi A5 – фактор на интервенција 9,8. Најчеста причина за интервенција: погонски ланец, ауспух.

Ford Mondeo – фактор на интервенција 23.1. Најчеста причина за интервенција: акумулатор, пумпа за гориво.

Opel Insignia – фактор на интервенција 28.1. Најчеста причина за интервенција: акумулатор, ладилник.

Volkswagen Sharan – фактор на интервенција 32,8. Најчеста причина за интервенција: акумулатор, EGR.

 

Рангирањето на ADAC може да биде изненадувачко. Ако на пример барате десетгодишен автомобил за патување до работа, во тој случај, како што покажа ивештајот на ADAC потценетиот Fiat Punto може да биде добар извор во сегментот Б.

Од друга страна, листата покажува дека модели кои се ценат, како што се Opel Insignia или Kia cee’d, можат со години да создаваат повеќе проблеми отколку што би сакале. Меѓутоа, треба да се има на ум дека листата на германскиот автомобилски клуб е само дел од реалноста во однос на стапката на дефекти на автомобилите. Доколку дефектот на автомобилот не придонел за негова имобилизација, не бил вклучен и во податоците на ADAC.

Поради ограничувањата предизвикани од пандемијата на коронавирусите, голем процент на интервенциите на ADAC во 2020 година беше поврзан со дефектите на акумулаторите. Така беше во 46 проценти од случаите. Другите причини за доаѓањето на ADAC на помош на патот се: 15,9 проценти куќишта на моторот (вбризгувње, палење, сензори).

Во 14,2 проценти од „другите“ случаи (каросерија, волан, кочници, суспензија, погонски систем), во 10 проценти алтернатор, стартер, осветлување или елeктрична инсталација. Во 7,1 процент е гумата, а во 3,2 проценти системот за гориво. Во 2,1 процент е системот а ладење, греењето или климата, додека во 1,2 процент издувниот систем или филтерот за честички на дизел возилата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK