Давид Малинковски по првата трка во Clio Cup: Можам да се носам со конкуренцијата, само ми треба време

ОБЈАВЕНО НА:

Уште во дебитантскиот настап во ESET Clio Cup Давид Малинковски освои бодови, и тоа на двете трки што се возеа во Германија. Двапати беше осмопласиран покажувајќи дека знае како „да ги држи уздите“ на возилото. Знае и може да престигнува, па дури и да избегнува инциденти. Сигурното возење му дава мотив на следните трки да се обиде да оди и погоре.

Ова е ново искуство за Малинковски кој зад себе има само три цели сезони во Euro Twingo Cup кои се бодуваа и за првенството на Македонија. Тој е севкупен победник на македонскиот Twingo Cup по трите сезони. Сега реши да продолжи во тркачка серија која е посериозна.

Првото тркачко искуство со новото возило беше и напорно, и забавно, и ме буткаше напред како возач, да дадам и извадам што повеќе од себе и да видам дека можам да се држам со конкуренцијата, само ќе ми треба време да се навинам на возилото бидејќи е голем исчекор од Twingo Cup. Брзините се поголеми, но, не е нешто што не може да се совлада. За следниот викенд очекувам подобри резултати бидејќи таму веќе сум возел и ја знам патеката, вели Давид Малинковски.

Добро почна викедот во Ошерслебен бидејќи беше константен и на слободните тренинзи, па и на квалификациите.
„ Имавме подобрувања постојано, но на квалификации не успеавме да ја изведовме стратегијата бидејќи имаше црвено знаме и тоа не ни дозволи гумите да ги донесеме до идеалната положба и да извоземе најдобро, вели Малинковски.

На двете трки стратуваше од осмата позиција и на крај стигна како осмопласиран. Имаше моменти кога престигнуваше возачи пред себе, но и го престигнуваа. На втората трка на неколку минути пред крај во еден свиок имаше „блиска средба“ со Игор Томљановиќ. Хрватот возеше налку непосртски сакаше да влезе од внатрешна страна, ама не го додржа возилото и удри во Малинковски. Неговиот ривал од судиите доби казна, но најважно е што возилата останаа неоштетени.

На првото стратување осетив дека имам добар „филинг“ врз колата. Ги поминав тие пред мене. Но, еден од колегите понапред имаше ситуација да се изврте и јас позади го извлеков подебелиот крај. Но, се вратив и ја задржав осмата позиција и поминав три коли пред мене. Ја осетив способноста во тркачка ситуација, вели Малинковски.

Искуството е секогаш важно на трките, да знаеш како да го штедиш возилото, гумите бидејќи тоа значи и предност во однос на другите.

„На втора трка имав добар старт и првата половина успеав да се држам со колегите од напред. Но, изгледа, не ги одржував гумите, не ги пазев, па при крај на трката прегреаја, имав момент кога почна да ме стигнува друг возач. Дојдовме до контакт, јас оставив доволно просто да помине, но тој ме допре, па на излезот не личеше баш професионално од негова страна, и пак дојдоме до контакт. Тој тврди дека имал проблеми со возилот. Бевме и кај директорот на трката. Нему му доделија казна од пет секунди. Од секоја трка учиме и со повеќе искуство и самодоверба одиме на Хунгароринг на крајот од месецов, вели Малинковски.

Календарот на ESET Clio Cup се состои од 6 тркачки викенди. Првиот тркачки викенд се возеше на 8 и 9 април во Ошерслебен (Германија).
Сега серијата продолжува во Унгарија на патеката Хунгароринг (29/30 април), а на 20 и 21 мај ќе се вози на патеката Ред Бул Ринг во Австрија. Во текот на летото, во август се предвидени две трки, првата во Чешка на патеката Мост (5/6 август), а на 19 и 20 август на Словакиа Ринг. Сезоната ќе заврши на 9 и 10 септември на патеката Брно во Чешка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK