Електричниот Ford F-150 ќе го добие името Lightning (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Ford објави дека целосно електричната верзија на новата генерација на амблемот на марката – F-150, ќе се нарекува F-150 Lightning и ќе биде претставена пред светот на 19 мај за време на специјалниот настан во светската централа на компанијата во Дирборн.

Од Ford информираат дека F-150 Lightning ќе понуди импресивни иновации и технологии, како и сите параметри што го направија моделот во најпродаваниот автомобил во САД. Светската премиера на електромобилот ќе биде пренесувана во живо на социјалните налаи на автомобилскиот гигант, како и на екраните на 18 клучни локации, вклучувајќи ги Лас Вегас и Њујорк (Тајмс Сквер).

„Од време на време се појавува автомобил, кој го нарушува статус квото и ја менува играта… Model T, Mustang, Prius, Model 3. Сега доаѓа F-150 Lightning. Омилениот автомобил во САД во продолжение на барем пола век станува дигитален и целосно електричен. F-150 Lightning може да го напојува вашиот дом при прекин на електричната енергија, а тој дури е и побрз од оригиналниот спортски F-150 Lightning и ќе стане сè подобар при обновувањата на водухот”, вели Џим Фарли, претседател и извршен директор на Ford.

Производството на F-150 Lightning почнува следната пролет во целосно новиот комплекс  Ford Rouge Electric Vehicle Center.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK