Skoda Scala – моделот што треба да биде бестселер пристигна во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Чешка Skoda станува сериозен играч. Тоа го покажува понудата што ја има и новите продукти што ги има и ги најавува. Има за секого по нешто, но најважно е дека сите тие модели претставуваа скок напред. Тој скок претставува скок кон подобро, и во класи каде досега традиционално владееле други брендови. Ц сегментот е особено важен за секој производител, бидејќи тука се покажува кој колку вреди, колку знае и колку може. Како дел од концернот на Volkswagen сега Skoda станува важна и во овј сегмент. Тука ќе му конкурира на Golf. Всушност во VW сметаат дека треба да имаа понуда за секого. Ако сакате VW тука е Golf, а сакате Seat тука е Leon, а за оние што сметаат дека Skoda e нивниот фаворит сега имаат избор – моделот Scala.

A во новата Scala многумина гледаат сериозен конкурент на Golf, и со него Skoda сигурно ќе сака и би требало реално да „прави бројки“ во продажбата. Автомобилот ги има сите атрибути да стане и бестселер.
Тоа е типично компактно возило што досега Skoda го немала во својата понуда. Долг 436 см., а особено е интересно што има изобилие простор на задната клупа на ниво на Octavia. A ако се знае дека багажникот е со волумен од 467 литри тогаш тоа е одлична препорака.

Името Scala претставува латински збор кој означува скалила, што според Skoda го означува големиот напредок и исчекор во компактиот сегмент. Овој нов модел на чешкиот производител комплетно го редефинира сегментот за компактен семеен автомобил, а во понудата на Skoda се позиционира помеѓу Fabia и Octavia, заменувајќи го моделот Rapid кој завршува со своето производство.

Кога ќе се спомене Skoda во последно време е добро познато дека се добива многу за парите што ќе ги дадете. И опремата е повеќе од задоволителна. Сега конкуренцијата во овој сегмент ќе треба сериозно да се замисли. Не само поради цената која почнува од 14.560 евра туку и поради нивото на опрема.
Ќе има две нивоа на опремност, Ambition и Style. Toа покажува дека Skoda решила во овие две нивоа да ги има речиси сите потребни решенија и системи што му се потребни на возачот. Нормално дека и листата на дополнителна опрема е голема, а таа зависи од посебните желби на купувачот и неговиот интерес за персонализација на моделот.

Дизајнерски Skoda Scala ја претставува следната фаза од еволуцијата на дизајнот на Skoda моделите, со истакнати безвременски, софистицирани, скулпторски форми и динамични детали. Дизајнот на Skoda Scala се темели на концептот VISION RS и се карактеризира со прецизни и динамични линии, извонредна интеракција на светлината и сенките и уметнички тродимензионални форми претставени пред се со впечатливата предна решетка и задните стоп-светла.

Внатрешноста на Scala освен што е препознатливо пространа и комфорна, отсега импресионира и со добро осмислена модерна ергономија и емотивно осмислен дизајн. Во внатрешноста се истакнуваат квалитетните и меки материјали и огромниот 9,2” дисплеј. Секако Skoda Sacala е вистинска Skoda што значи дека секогаш нуди највеќе простор за патниците и огромен багажник.

Безбедноста на патниците доаѓа во сериска опрема со напредните безбедносни системи како: Front Assist – радар за автоматско сопирање при појава на пешак, возило или препрека, Lane Assist – систем за одржување на коловозна лента, Сензор за дожд со Светлосен асистент за автоматска контрола на долгите светла, 6 воздушни перничиња, Индикатори за сите појаси, Темпомат со ограничувач на брзина и зајакната каросерија изработена на MQB платформа од високо-квалитетни челици.

Skoda e позната по своите т.н. Simply Clever практични решенија. Новата Scala не е исклучок на ова, содржејќи повеќе интелигентни функционалности кои го прават секојдневието полесно за возачите. Како дополнување на држачот за паркинг картичка на А-столбот и одделот за чадор во вратата на возачот, тука е гребалката за мраз во вратичката за гориво со вграден мерач на длабочина на пневматици и интегрираната инка за полнење на средство за прскалките на бришачите. Доколку е потребно, SCALA може да се добие и со електрична самоповлекувачка кука за влечење која се контролира преку копче во багажниот простор, што исто така претставува прва иновација во својот сегмент.

За почеток на македонскиот пазар, Scala ќе се нуди со два турбо-бензинци со 1.0 литарски мотор и 95 или 115 коњски сили со мануелен или DSG автоматски менувач и еден турбо-дизел 1.6 литарски кој испорачува 115 коњски сили и може да има мануелен или DSG автоматски менувач. Scala тежи само 1.240 кг благодарејки на MQB платформата и располага со одлични возни карактеристики со секои од понудените варијанти на мотори.

Најмоќниот 1.5 литарски турбо-бензинец со 150 коњски сили ќе ни биде достапен од октомври.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK