Пристигна и редизајнот на Volkswagen Polo (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Додека се чека официјалната премиера на VW Polo (најавена за денеска, 22 април) на интернет веќе се појави комплет на фотографии од изгледот на освежената и редизјанирана генерација на моделот кој зад себе има над 18 милиони продадени примероци. Ова е шеста генерација на Polo што се појави во 2017 година и секогаш се наоѓа во самиот врв на најпродаваните возила во Европа.

Сегашната генерација на Polo е на пазарот повеќе од три години што значи дека е вистинско време за рестајлинг бидејќи конкуренцијата во овој сегмент е исклучително силна (Opel Corsa, Renault Clio, Citroen C3, Peugeot 208 , Ford Fiesta, Seat Ibiza, Hyundai i20, Toyota Yaris …). Сега VW дава малку и белег од дизјанот на VW Golf и некои подобрувања што често се гледаат во возила од повисоките класи како што е SUV Touareg.

Кога се зборува за новото Polo треба да се напомене дека ова е дотерување, а не реконструкција, и најголемите визуелни промени се ограничени на светлата и браниците. Предните LED светлата и позади се стандардни за секој модел, предните единици се поврзани со осветлена лента на основата на решетката на ладилникот. Или можете да ги надградите со адаптивната Matrix LED технологија од Touareg и Passat.

Тоа не е единствената технологија за големи автомобили што ја наследува Polo. VW има вградено различни системи за асистенција и им ја дава ознаката IQ.Drive Travel Assist. Овие системи се дополнителна опрема и вклучуваат адаптивна круз контрола и помош за одржување лента, иако основниот систем за држење на лентата е стандарден за сите модели.

VW Polo 2021

Ова е шеста генерација на Polo што се појави во 2017 година и секогаш се наоѓа во самиот врв на најпродаваните возила во Европа.

Покрај тоа, понудата ќе вклучува нов дизајн на тркалото, неколку нови бои и модифициран ентериер (подобрен инфо-забавен систем до 9,2 инчи, дигитална табла со инструменти до 10,25 инчи, подобри материјали и нов мултифункционален волан).

Основната верзија ќе вклучува ниво на опрема со ознаките Life, Style, R-Line и GTI (иако ажурираниот Polo GTI со 2,0-литарски турбо мотор од 207 КС ќе пристигне на пазарот нешто подоцна). Верзијата R-Line има стандардни предни светла „Матрикс“, поспорт комплет за аеро каросерија, 16-инчни алуминиумски тркала, како и заден браник со сјаен црн дифузер.

На почетокот, следниве мотори ќе бидат во опсегот:
1,0 MPI со 80 КС и 93 Нм, со 5-степен мануелен менувач
1,0 TSI со 95КС и 175 Нм, со 5-степен рачен или опционален 7-степен DSG
1.0 TSI со 110КС и 200 Нм, со 7-брзински DSG
1,0 TGI (компримиран природен гас) со 90КС и 160 Нм, со 6-степен мануелен менувач

Продажбата започнува во септември, а цената се уште не е позната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK