Дали сите производители на автомобили ќе ја преживеат следната декада?

ОБЈАВЕНО НА:

Не сите производители на автомобили ќе ја преживеат декадата која следи. Ова меѓудругото го изјави првиот човек на PSA Групацијата, Карлос Таварез.

Тој активно учество зема на самитот за автомобилизам организиран од страна на Ројтерс на кои се дискутираше за повеќе теми од светот на автомобилизмот, со акцент на еколошката перспектива.

Личноста на годината во светот на автомобилизмот за 2020 година за прв пат говореше и за плановите на новата компанија Stellantis за која најави дека прв стратешки фокус ќе биде подобрувањето на перформансите во Кина.

“Не постои глобален производител на автомобили кој може да си допушти да не учествува на кинескиот пазар” додаде тој.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK