Renault Twingo во Le Coq Sportif

ОБЈАВЕНО НА:

Откако францускиот производител Renault го претстави подновеното Twingo од третата генерација која беше лансирана во 2014 година на интернет се појави првата изведба наречена Le Coq Sportif.

Le Coq Sportif е француски производител на спортска опрема, па Renault ги здружи силите во креирањето на првата изведба од подновениот Twingo.

Екстериерно оваа избедба доби бела боја на каросеријата со црвен покрив и црвена боја на ретровизорите. Во зависност од пакетот достапни се и неколку комбинации на бои меѓу кои и сини и црвени странични линии. За оние кои не ја сакаат белата боја, Le Coq заедно со Renault лансираше и Twingo со т.н. Lunar Grey и Star Black боја.

На праговите на вратите поставено е логото на францускиот производител на спортска опрема, а тоа лого доминира и на патосниците. Во внатрешноста има детали во сина и црвена боја, а а седиштата линии во црвена боја.

Инаку Twingo е најпродаваниот мал градски автомобил на францускиот производител. Во понудата се појавува во 1992 година и од тогаш па се до денес лансирани се три генерации. Како и претходната трета генерација така и фејслифтот ќе продолжи да се произзведува во фабриката на Renault во Ново Место, Словенија.