BMW го претстави хибридното X3 – троши 2,4 литри на 100 км

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW ја претстави хибридната верзија на кросоверот Х3, кој се полни од електична мрежа. Таа ќе се најде на пазарот во 2020 година, кога ќе бидатобјавени и цените.

Мофицикацијата xDrive30e е опремена со 2.0-литарски бензин мотор со 184 коњски сили, електричен мотор, кој дава уште 109 коњски сили и осумстепен автоматски менувач. Севкупната моќност на погонскиот систем е 292 коњски сили и 420 Нм вртежен момент. Моделот има систем за движење на четири тркала xDrive AWD, кој забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,1 секунди и развива максимална брзина од 210 км/ч.

Електричниот мотор се напојува од сет литиум-јонски батерии, поставени под вториот ред на седишта. Автомобилот се полни од стандардната електропреносна мрежа за шест часа, а при користење на специјален терминал времето се намалува до 3,5 часа.

Инженерите од BMW почнале да го дизајнираат автомобилот така што тој има пространа решетка. Неговиот волумен е 450 литри, но при спуштени задни седишта се зголемува до 1500 литри.

Возачот има на располагање неколку режими на движење. Еден од нив е целосно електричен кај кој може да се изминат до 55 километри. Според компанијата, оваа верзија на X3 нуди средна потрошувачка меѓу 2,1 и 2,4 литра на 100 километри.

Хибридното X3 xDrive30e ќе се нуди во нивоа на опрема Advantage, xLine, Luxury и M Sport. Во основната опрема на моделот уште влегуваат и клима со далечински управувач, дигитален панел за инструменти, акустичен систем кој ги предупредува пешаците при движење во електричен режим и друго.

Списокот со дополнителни опции ги вклучува сите системи, достапни за семејството X3. Тоа значи дека кросоверот може да добие адаптивна суспензија, спортски поставки за волан, модернизирани М-сопирачки, активна круз-контрола и друго.