И Hyundai го пропушта саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот јужнокорејски производител Hyundai нема да настапи на саемот за автомобили во Женева закажан за следниот месец, соопштуваат од компанијата.

Како причина за отсуството од овој голем настан, производителот ги наведува финансиските трошоци кои се превисоки па оттука наместо на традиционален саем, со нешто пониски трошоци Hyundai ќе бара алтернативни начини на промовирање на своите автомобили.

Во соопштението Hyundai го потврдува своето учество на саемот во Франкфурт кој ќе се одржи во септември, но при тоа не прецизираше дали ќе објави новитет на овој саем.

Инаку Hyundai е само еден во низата производители кои нема да настапан на најпознатиот саем за автомобили. Своето отсуство од овогоднешната манифестација го потврдија и Ford, Jaguar, Opel, Land Rover и Volvo.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK