Mercedes со концепт Maybach EQS за ултра луксузен СУВ

ОБЈАВЕНО НА:

Дизајниран како најава на претстојниот електричен кросовер, кој се очекува да пристигне во 2023 година, концептниот модел е опишан како „речиси производствен“ концепт што ќе го внесе луксузот во 21 век.

Обоен во циркон црвено и Obsidian Black Metallic, ултра луксузниот модел се одликува со смела предна маска со масивна целосно затворена решетка. Истиот е опкружен со тенки LED фарови со „индивидуални дијамантски блокови врамени со фино плетена мрежа од амблемот на Maybach.

Продолжувајќи понатаму, има украс со ѕвездена хауба, црно обложување на каросеријата и масивни тркала од 24 инчи. Моделот исто така има аеродинамички оптимизирани табли, задни светла по цела ширина и рачки на вратите монтирани рамно.

Кога сме кај вратите, тие се целосно автоматски, а рачките ќе се појават додека се приближува возачот. Како што се приближуваат, возачката врата автоматски ќе се отвори и тие исто така ќе имаат можност да ги отворат задните врати и од далечина.

Влегувајќи во кабината, возачите ги пречекува футуристички волан и Hyperscreen дисплеј по цела ширина, кој вклучува 12,3-инчен екран за совозачот. На друго место, има пловечка централна конзола, акценти од розово злато, бел лак за пијано и покривка на подот од „вештачко крзно“.

Maybach EQS

Дизајниран како најава на претстојниот електричен кросовер, кој се очекува да пристигне во 2023 година, концептниот модел е опишан како „речиси производствен“ концепт што ќе го внесе луксузот во 21 век.

Задниот патнички простор е ѕвездата на шоуто бидејќи има две седишта, кои се одделени со елегантна конзола. Позади се сместени вазни за цвеќе и држачи за пијалоци, како и високотехнолошки потпирачи за раце со интегриран инфозабавен систем.

Mercedes не кажа ништо друго за концептот, но Модлеот со четири седишта има систем за забава на задните седишта и се претпоставува дека ќе биде понуден со „индивидуални опции за опрема, како што се масички за преклопување, кутија за чаши за шампањско или преграда со фрижидер“.

Компанијата вели дека кросоверите ќе имаат опсег на WLTP од околу 600 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK