Претставен QX55 – првото кросовер купе на Infiniti

ОБЈАВЕНО НА:

Како што и најави, Infiniti го претстави моделот QX55, првото кросовер купе кое доаѓа како конкурент на BMW X4 и Mercedes GLC.

Станува збор за модел кој во основа се базира на третата генерација на QX50 која беше претставена минатата година. Оттука и дизајнот е во целост “позајмен” од овој модел со тоа што клучната разлика е задниот дел кој е сега соодветно спуштен.

QX55 под хаубата го има истиот мотор како и QX50, 2,0 литарскиот I4 бензински мотор кој продуцира максимални 268 КС.

 

Како премиум бренд на Nissan, овој модел остава позитивен впечаток и во внатрешноста која е обложена со кожа, а во која доминира два екрани осетливи на допир централно поставени како и полу-дигитална инструментлна табла.

Infiniti QX55

  Станува збор за модел кој во основа се базира на третата генерација на QX50 која беше претставена минатата година. Оттука и дизајнот е во целост "позајмен" од овој модел со тоа што клучната разлика е задниот дел кој е сега соодветно спуштен.  

 

Цената не е позната, а се очекува истата САД да изнесува 43 илјади долари, а за Essential нивото на опрема потребна е доплата од околу 7 илјади долари.

Овој модел ќе биде дел од глобалната понуда на Infiniti.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK