Премиера на Jeep Compass – доаѓа со целосно нов изглед и ентериер

ОБЈАВЕНО НА:

Подновениот Jeep Compass конечно ја доживеа својата премиера. Во рамките на саемот на автомобили во Гуангжу претставен е рестајлингот на втората генерација.

Како што и беше за очекување, надворешно доаѓа со нова решетка, нов браник и LED светла чија форма е за малку променета. Минимални промени има на задниот дел.

Најголемата измена доаѓа во внатрешноста која е целосно нова и далеку попривлечна отколку кај актуелниот модел. Доминира 10,25 инчниот инфотејнмент систем како и дигиталната инструментална табла од 10,1 инчи.

Купувачите во Кина ќе може да бираат помеѓу два мотори: 1,3 литарски бензински мотор паруван со седумстепен автоматски менувач како и 1,4 литарски достапен со деветстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала. Во САД пак, премиерата ќе биде за месец-два, а таму ќе биде понуден и со 2,4 литарски мотор кој продуцира 180 КС.

Премиерата на обновениот Compass доаѓа четири години по премиерата на втората генерација и според едни шпекулации на само три години пред премиерата на третата. Во продажба во првиот квартал следната година најпрво ќе дојде во Кина и САД, а потоа следи и лансирање во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK