Ford подготвува мал електричен теренец на VW платформа

ОБЈАВЕНО НА:

За две години Ford ќе го прикаже својот прв компактен кросовер на струја наменет за европскиот пазар, а како основа се користи МЕВ платформата на Volkswagen. Малиот теренец ќе биде со големина на Ford Pumа.

После компаниите Jaguar Land Rover, Bentley, Volvo, Mini и многу други, и Ford неодамна се изјасни дека од 2030 година во Европа ќе нудат исклучиво електрични модели, како и дека првиот европски Ford на струја ќе биде направен на VW платформата.

Според ветувањето од оваа компанија, до средината на 2026 година секој модел на европскиот пазар ќе биде достапен како plug-in хибрид или електричен, за да може до 2030 година да се прејде исклучиво на струја.

Сега Autocar ги објави и информациите за првиот модел кој ќе настане како плод на соработката надвете компании. Имено, Ford ќе ја користи VW MEB платформата за електрични возила (на која се прават ID моделите), за својот компактен кросовер на струја наменет на Европа, а кој доаѓа за две години.

Според она што е видено, сè уште неименуваниот модел ќе се прави во фабриката во Келн и како што се чини стилски нема да личи на познатите VW модели, ниту на оние електричните од Ford, како Mustang Mach-E.

Она што може да се заклучи од фотографијата е дека новиот модел ќе биде позициониран во класата со VW ID.4, со кој ќе ја дели основата, но дизајнерски ќе се разликува доста.

Од друга страна, ќе делат исти погонски единици, па се очекуваат верзии со батериите од 52 и 77 kWh (помоќниот нуди домет и до 500 km), како и избор на задниот или погон 4×4.

Најмоќната GTX верзија ID.4 ќе располага со 300 коњски сили и доаѓа кон крајот на оваа година, додека Ford најверојатно ќе биде послаб односно со е-мотори од 150 до 200 коњски сили. Другите детали сè уште не се познати, но од Ford велат дека наскоро ќе бидат објавени повеќе информации.

Со цел Ford да ја врати услугата на Volkswagen за услуга за користењето на MEB платформата, новта генерација на пикапот VW Amarok ќе биде „споена“ со Ford Ranger и ќе прави во фабриката на Ford во Јужна Африка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK