Подготвени за летото: Volkswagen почнува со продажба на T-Roc Cabriolet

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen го означи почетокот на лансирањето на првиот кабрио СУВ модел во историјата, а се работи за T-Roc Cabriolet. Компактниот откриен автомобил е достапен за купување во центрите на брендот, а во Германија основната цена му е 27.495 евра. Сега е токму време кога може и треба да се набават вакви автомобили доколку сакате во текот на летните денови да уживате во отворениот покрив и да го чувствувате ветерот во косата.

Со основни димензии: должина 4268 мм и ширина од 1811 мм, T-Roc Cabriolet е за 34 мм подолг од стандардната верзија на T-Roc. Како резултат на тоа товарниот дел со спуштен таван е зачуван и има 284 литри.

Volkswagen T-Roc Cabriolet се нуди со избор меѓу два мотори и тоа основна еднолитарска модификација со 115 коњски сили и 1.5-литарска TSI верзија со 150 коњски сили.

Главната карактеристична црта на Volkswagen T-Roc Cabriolet несомнено е платнениот таван што се спушта, кој нуди трансформација на купето за само 9 секунди. Истиот може да се спушти и крева дури и при движење од 30 км/ч, а заклучувањето е електромеханичко.

Безбедноста на Volkswagen T-Roc Cabriolet е дополнително зголемена при автоматскиот систем, која дава можност за менување на превозното средство и ги активира безбедносните делови зад главата на задните седишта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK