Сепак пикап е за некој друг: Во мај завршува производството на Mercedes X класата

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално, Mercedes-Benz соопшти дека производството на моделот од X класата завршува во мај годинава.

Причината за ова е слабата продажба како и неконкурентноста на американскиот пазар предизвикана од релативно високата цена и честите дефекти проследени со повлекување на неколку серии.

Минатата, 2019 година Mercedes на глобално ниво продаде помалку од 15 илјади примероци од овој модел, споредбено со 2018 година кога продаде нешто повеќе од 16 илјади.

Овој модел Mercedes го претстави во 2015 година, а во сериско производство влезе во ноември 2017 година. Се произведува во Барселона, а при тоа има идентична конструкција како и Nissan Navara и Renault Alaskan.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK