По Sandero претставен и подновениот Logan (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред само неколку денови во Јужна Америка под брендот на Renault беше претставен фејслифтот на моделот Sandero, сега, францускиот производител го претстави и моделот Logan, кој е познато дека во Европа се продава под брендот на Dacia.

Надворешно, подновениот Logan има минимални измени. Тука се новите дневни LED светла, изменетите предни и задни браници, а овој модел ќе биде достапен во повеќе бои.

Промена има во внатрешноста каде е подновена преземаната централна конзола од претходната генерација на Clio. Тука се и подновените седишта додека капацитетот на багажниот простор останува ист пред се поради непроменетите димензии на автомобилот.

Тука е и модернизиран мултимедијален систем со Android Auto и Apple Car Play, а тука се целосно новите седишта, кожниот управувач и менувач на брзини, автоматската клима, воздушните перничиња итн.

Продажната цена на Logan во Бразил изнесува 13.425 евра.