Глобалните продажби на патнички возила со пад од 6,8% во јули

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбите на нови автомобили во јули на глобално ниво достигнаа бројка од 6.679.540 единици, што е за 6,8% помалку во споредба со истиот месец во 2019 година. Податоците на LMC Automotive покажуваат дека побарувачката на нови патнички автомобили во првите седум месеци од годината е 39.400.732 единици, што е за 24,6% помалку во споредба со истиот период минатата година.

Во јули порастот во продажбите на новите автомобили се набљудува на територијата на Кина (+13,2%, до 2.035.376 единици), Кореја (+7,9% до 160.041 едиици) и Источна Европа (+17,6% до 382.535 единици).

За изминатиот месец, податоците на LMC Automotive покажуваат намалување во бизнисот со нови автомобили во САД од 11,2% до 1.237.839 единици, во Западна Европа со 5,7% до 1.268.634 единици и Јапонија со 13,9% до 390.482 единици.

После приклучувањето на првите седум месеци на 2020 година, поратот во продажбите на новите автомобили при главните пазари се отчитува само во Кореја од +7,8% до 1.075.351 единици. Во Кина се одбележува намалување од 15,2% до 11.807.656 единици, во САД падот е 21,9% до 7.653.425, во Канада е 29,9% до 812.181, Западна Европа е 35,6% до 6.475.813 и во Источна Европа 15,7% до 1.935.110.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK