Opel ја покажа новата Astra Sport Tourer

ОБЈАВЕНО НА:

По светската премиера на најновата генерација на хечбегот Astra во септември, Opel денеска го претстави караван моделот, целосно новата Astra Sports Tourer. Најновиот модел ќе биде достапен со plug-in хибриден погон уште од самото лансирање, што ќе го направи првиот електрифициран караван на британскиот производител.

Заедно со Astra хечбегот со пет врати, современата Astra Sports Tourer е вистинско дизајнерско остварување и првиот караван на Opel што ја носи новата смела и елегантна дизајнерска филозофија на брендот. Opel визирот во предниот дел има единствена, елегантна плоча во која се сместени новото лого на Griffin и различните системи за помош на возачот при возење и безбедност, овозможувајќи и на Astra Sports Tourer да постигне елегантен и остар преден изглед. На предниот дел на визирот се сместени и LED предните светла и предната камера.

Позади, во центарот на задната врата се наоѓа Opel Griffin. Задниот дел ги има истите вертикално порамнети, високо монтирани стоп светла како кај Astra хечбегот – дополнително зајакнувајќи ги семејните врски на Astra.

Дизајнерската револуција продолжува во внатрешноста. Целосно дигиталниот интерфејс човек-машина Pure Panel (HMI) им нуди на клиентите возбудливо, интуитивно искуство и се одликува со 10” инструмент табла и 10” дигитален екран на допир. Важните поставки како што е контролата за клима уредот сè уште може да се изберат директно преку физичките прекинувачи под централната конзола за полесен пристап. Astra Sports Tourer им обезбедува на возачите и патниците најново поврзување со паметните телефони, со безжичните Apple CarPlay™ и Android Auto како стандардни во сите модели.

Со должина од 4.642 mm, ширина 1.860 mm и висина 1.480 mm и со висина на товарење од 600 mm, практичната Astra Sports Tourer дополнително ја зајакнува водечката репутација на Opel во сегментот на каравани и е уште еден приказ на познатиот талент на Opel за ефикасно пакување. Целокупната должина е 60 mm пократка во споредба со претходната генерација на Astra Tourer, благодарение на краткиот преден испуст и се одликува со 57 mm подолго меѓуоскино растојание во споредба со целосно новата Astra хечбег, од 2.732 mm.

Багажникот на Astra Sports Tourer обезбедува до 608 литри корисен простор за складирање со исправени задни седишта и до 1.634 литри кога се преклопени. Дополнително, кога се преклопуваат поделените задни седишта 40:20:40, подот е целосно рамен – што го олеснува товарењето на долгите и гломазни предмети. Дури и со својата подна литиум-јонска батерија, plug-in хибридната верзија нуди волумен од 548 литри и 1.574 литри.

Бензин и дизел верзиите на Astra Sports Tourer може да се опремат со опционалната функција „Intelli-Space“. Овој подвижен под за товар може лесно да се прилагоди со една рака во висока и ниска позиција и да се навалува под агол од 45 степени. Дополнително, за уште поголема удобност, капакот за складирање во багажникот што се извлекува може да се складира кога подвижниот под е и во горна и во долна положба – за разлика од конкурентите кои дозволуваат складирање на капакот само кога подот е во горна позиција.

Astra Sports Tourer со „Intelli-Space“ исто така може да го олесни животот во случај на дупнат пневматик. Комплетите за поправка на пневматици и прва помош се чуваат во паметни подни прегради до кои може да се пристапи од багажниот простор или од задните седиштата. Ова значи дека комплетите може да се дофатат без да треба целосно да се отпакува багажникот.

Astra Tourer, исто така, обезбедува незаменлива удобност за возачите, типична за Opel. Развиени од компанијата, предните седишта кај Astra Sports Tourer се сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken е.V. / Кампања за поздрав грб (AGR)*. Ултра-ергономските седишта се најдоброто што може да го понуди компактната класа и се исклучително удобни, особено за долги патувања.

Astra Sports Tourer ќе биде достапна со plug-in хибридна технологија која произведува моќност до 225 КС. Покрај plug-in хибридните верзии, Astra Sports Tourer ќе биде достапна и со високоефикасни бензински и дизел мотори. Моќноста се движи од 110 КС до 130 КС кај бензинските и дизел верзиите. Шест-степениот менувач е стандарден кај бензинските и дизел погонските единици, додека plug-in хибридните верзиите се стандардно со осумстепената автоматика на Opel.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK