Лудост и целосна неодговорност – со електричен тротинет се движеше на автопат (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните тротинети се одлично алтернативно средство – еколошко и можно решение за намалување на сообраќајниот метеж.

Сепак, големата популарност на ова превозно средство ги затекна државите од регионот, па немањето на јасна законска регулатива остави простор на неодговорните возачи на електрични тротинети да узурпираат простор кој им припаѓа на возилата и да се движат со преголема брзина на места каде што се движат пешаци.

Последниот пример кој доаѓа во Белград покажува колку има неодговорни возачи на електрични тротинет. Неименуван маж возеше тротинет на автопат ставајќи го сопствениот живот во опасност како и севкупната безбедност на учесниците во сообраќајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK